Достапни линкови

Фирмите добиле 237 милиони евра како поврат на ДДВ


Macedonia -- An one euro coin is balanced against stacks of Macedonian one denar coins, 25Jan2011

Над 14,5 милијарди денари, или 237 милиони евра, државата им вратила на фирмите врз основа на поврат на ДДВ. Податоците се за годинава заклучно до јули.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези изјави дека во стопанството се вратени над 30 милиони евра повеќе од лани.

Според неа, тоа е уште еден аргумент дека имаме зголемување на даночните приходи, дека ликвидноста на буџетот е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски од Буџетот на расходната страна и кон бизнис-секторот.

Во истиот период лани се вратени 12,5 милијарди денари.

XS
SM
MD
LG