Достапни линкови

Бугарката Кристалина Георгиева – кандидат на ЕУ за директор на ММФ


Извршната директорка на Светската банка Кристалина Георгиева

Европските власти одлучија извршната директорка на Светската банка Кристалина Георгиева да биде нивен кандидат за нова директорка на Меѓународниот монетарен фонд со седиште во Вашингтон, на местото на Французинката Кристин Легард, која заминува од функцијата.

Бугарката Георгиева доби поголема поддршка меѓу владите во ЕУ од поранешниот холандски министер за финансии, Јерен Дијселблем, информираат францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на Твитер.

Според долгогодишниот неформален аранжман, Европа традиционално го кандидира шефот на ММФ, додека американскиот кандидат станува претседател на Светската банка.

Извршниот одбор на ММФ мора да избере замена за Лагард, која е именувана за шефица на Европската централна банка, а нејзината оставка во ММФ стапува на сила на 12 септември.

ММФ е клучна меѓународна финансиска институција која за своите 189 држави-членки пружа економски совети и финансиска помош.

XS
SM
MD
LG