Достапни линкови

Албанија ќе дава државјанство и пасош за сите Албанци по род


Албанската Влада усвои Предлог-законот за државјанство, кој предвидува, меѓудругото, „Стекнувањето на државјанство врз основа на потекло“.

Со ова им се овозможува на Албанците кои живеат надвор од територијата на албанската држава, како во соседните земји и во дијаспората, да добијат албанско државјанство.

Другата важна новина е давањето албанско државјанство на секој кој ќе се роди на територијата на Република Албанија.

Предлог-законот за државјанство се очекува да се најде на дневен ред на седница на Парламентот во септември по летните одмори.

XS
SM
MD
LG