Достапни линкови

Новитет на Инстаграм - Стикер за донации


Од Инстаграм велат дека апсолутно гарантираат дека секоја донација направена преку овој новитет на нивната социјална мрежа ќе стаса до онаму за каде е наменета.

Социјалната мрежа Инстаграм воведе стикер за донации на нивната апликација, во делот на т.н. Stories, над фотографијата или видеото што корисникот ги поставува како своја приказна.

Со тоа на корисниците на мрежата кои ќе ја активираат и ја гледаат таа приказна можат да донираат пари за добротворни цели кои тие ќе ги одберат.

“Со оваа можност за донации преку Инстаграм сториите луѓето имаат многу лесен начин да поддржуваат одредени хуманитарни работи и да помогнат во собирањето пари за добротворни цели. Овој стикер треба да стане важна алатка во хуманитарниот сектор“, велат од компанијата Фејсбук, во чија сопственост е и социјалната мрежа Инстаграм.

Од Инстаграм велат дека апсолутно гарантираат дека секоја донација направена преку овој новитет на нивната социјална мрежа ќе стаса до онаму за каде е наменета.

XS
SM
MD
LG