Достапни линкови

Во Германија запленета пратка кокаин вредна милијарда евра


Илустрација

Царинската испостава Хамбург соопшти дека германските царински служби заплениле 4,5 тони кокаин во контејнер од Уругвај, со проценета улична вредност од речиси една милијарда евра.

Според соопштението на Царината, дрогата е запленета пред две недели кога бил проверен контејнер што од Монтевидео до Антверпен во Белгија, објавија новинските агенции. Во документите се наведува дека контејнерот бил исполнет со соја, но царинските службеници виделе црни спортски торби кога ги отвориле. Тие пронашле повеќе од 4200 пакувања кокаин во 211 кеси.

XS
SM
MD
LG