Достапни линкови

Пендаровски: Ако се помириме, ќе имаме образ да излеземе пред нашите деца и внуци


Стево Пендаровски, Илинден, 2 август 2019 година

Карактерот на еден народ се вреднува според предизвиците со кои има храброст да се соочи.Најголемиот предизвик за нас денес е граѓанското помирување. Патот до помирувањето води преку правдата втемелена врз вистина. А за вистинска правда е потребно владеење на правото. Тоа мора да биде нашата темелна вредност со која не смее да се прави компромис, рече денеска претседателот Стево Пендаровски, во обраќањето по повод одбележувањето на Илинден, во претседателската резиденција на Водно.

„Да ги надминеме историските поделби и непотребните политички конфронтации, да ги здружиме сите наши знамиња и симболи. Да се обединиме во еден единствен фронт за реализација на нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна европска држава, членка на НАТО и на ЕУ“, рече претседателот.

Мора да бидеме свесни, додаде Пендаровски, дека еден ден ќе се соочиме со наредната генерација.

„Ако се помириме и заеднички вложиме во нашата европска иднина, тогаш ќе имаме образ да излеземе пред нашите деца и внуци и да кажеме – ние го продолживме делото на нашите предци и го изодевме нашиот дел од патот. Сега е редот на вас“, нагласи претседателот..

XS
SM
MD
LG