Достапни линкови

Рамадани: Српското вооружување со руско оружје е заканувачка порака за цел Балкан


Српскиот претседател Александар Вучиќ на приемот на воените оклопни возила БДРМ-2 што на Србија ѝ ги донираше Русија.

Србија, со тоа што се опремува со оружје од Русија, праќа заканувачки пораки за целиот Балкан, изјавил заменик-министерот за одбрана на Косово, Бурим Рамадани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Рамадани во интервју за весникот „Епока е ре“ изјави дека е индикативно тоа што „Србија го јакне своето воено содејствие единствено со Русија“, додека за српскиот претседател Александар Вучиќ и за министрите за надворешни работи и одбрана, Ивица Дачиќ и Александар Вулин, вели дека „се претвориле во војници на (рускиот претседател, Владимир) Путин, заради одмазда кон НАТО на Балканот“.

„Сигурно дека ова претставува сериозна вознемиреност за целиот Балкан. Единствениот пат кој ги стабилизира безбедноста и мирот на Балканот е модернизацијата на балканските држави, посебно на полето на безбедноста и одбраната. Откако сите други држави во регионот или се зачленија или се јасно ориентирани кон НАТО, единствено Србија го фати спротивниот пат и за тоа се удира во гради. Значи, оваа ориентација на Србија кон Русија претставува нешто сериозно за целиот Балкан“, изјавил Рамадани.

XS
SM
MD
LG