Достапни линкови

Џафери од Пелинце: Имаме една заедничка држава, да ја чуваме


Талат Џафери, Пелинце, 2 август 2019 година

Сакам од ова место да се заблагодарам на сите граѓани на Република Северна Македонија за нивната истрајност, за нивната лојалност и за одговорното пренесување на аманетот на Илинденците, зошто вие само го потврдувате слоганот за овој 2 Август – „Сите сме деца на Илинден“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето обраќање по повод Денот на Републиката во Пелинце.

„Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија. Тоа е наш долг кон сите оние кои се бореа за таква граѓанска држава, општество на сите граѓани. „Сите сме деца на Илинден“ е вистински концепт што ги опишува заедничките вредности кои сите ги славиме, ги празнуваме, тоа се вредности кои не обединуваат и поврзуваат, не прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава. Нашата држава е спој на различности, уникатен мозаик во кој секој уникатен дел растел и се развивал врз своите корени кои биле и се потврда на долговечноста и истрајноста на народите кои што живееле и биле дел од ова поднебје“, рече Џафери на прославата во Пелинце.

XS
SM
MD
LG