Достапни линкови

Палмер: На Приштина ѝ треба нова влада што ќе ги укине царините кон Србија и БиХ


Метју Палмер

Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Метју Палмер изјави дека на Приштина ѝ треба нова влада што ќе ги укине царините кон Србија и БиХ. Тој во интервју за „Гласот на Америка“ додаде дека се надева оти тоа може да се реши набрзо.

Пренесувајќи го ставот на САД за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Палмер изјави дека САД би сакале разговорите да се водат со добра волја и кон договор што ќе донесе меѓусебно признавање на Србија и Косово и го отвора патот кон Европа. Во интервјуто Палмер нагласи дека дека се надева дека опозицијата во Србија ќе се откаже од бојкот на изборите.

XS
SM
MD
LG