Достапни линкови

Загрепскиот шесткратен убиец извршил самоубиство


Загреб, 1 август 2019.

Загрепската полиција соопшти дека шесткратниот убиец на лица од едно семејство извршил самоубиство. „За време на потрагата беше лоциран во Брезовица. При обидот за апсење извршил самоубиство“, соопштија од полицијата во Загреб. Убиството на шест лица беше извршено околу 21.30 синоќа. Во населбата Кајзерица, во Нови Загреб беа убиени се шест членови од едно семејство, а полицијата интензивно трагаше по сторителот. „Јутарњи лист“ објави дека шест члена на исто семејство биле убиени, а седуммесечно бебе е единственото преживеано и оти еден од мотивите била љубомората.

XS
SM
MD
LG