Достапни линкови

САД воведуваат нова такса за увоз на кинески производи


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД од први сепетмври ќе воведат нова такса од 10 насто за увоз на кинески производи вредни околу 300 милијарди долари. Во трговската војна со Кина, САД порано воведоа такси на увоз на кинеска стока вредна околу 250 милијарди долари, додека Пекинг возврати со воведување слична мерка за американски производи вредни 110 милијарди долари. Трамп на Твитер напиша и дека преговорите меѓу двете страни за завршување на трговската војна ќе продолжат.

XS
SM
MD
LG