Достапни линкови

Страхувања од нова трка во вооружување во светот


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш

Клучниот договор за елиминирање на нуклеарните ракети завршува денеска со оглед на тоа што и Соединетите држави и Русија официјално се повлекоа од договорот потпишан пред 31 година. Со билатералниот договор за нуклеарните ракети со среден дострел им се забрануваше на тогашниот Советски сојуз и на Соединетите држави да развиваат, произведуваат и распоредуваат балистички ракети со дострел од 500 до 5.000 километри. Договорот беше ратификуван од тогашните претседатели на двете земји Роналд Реган и Михаил Горбачов. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара од двете земји да го продолжат договорот за да не почне нова трка во вооружување во светот.

XS
SM
MD
LG