Достапни линкови

Општина Карпош: Градоначалникот и Општината не се поврзани со случајот „Рекет“


Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев

Општина карпош денеска, преку соопштение, одговори на јавните повици од опозицијата за вмешаност на градоначалникот Стефан Богоев и на Општината во случајот „Рекет“.

„Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев не се вклучени во никакви незаконски активности во врска со случајот „Рекет“. Во Општина Карпош не е отворен ниту еден предмет, а не е издадено ни одобрение за градење, ниту било каков друг правен акт во врска со споменатиот случај. Локалната самоуправа има склучено меморандуми со голем број на невладини организации. Меморандумот кој е склучен со Меѓународен сојуз единствено се однесува на давање поддршка за реализација на различни социо – економски активности и третирања на локални прашања. Тој по својата содржина е општ, без никакви финансиски последици за Општината или конкретни други обврски. Врз основа на овој Меморандум, не е реализиран ниту еден проект или некоја активност со Меѓународниот сојуз“, се наведува во соопштението на Општина Карпош.

XS
SM
MD
LG