Достапни линкови

Ердоган: Со новиот лидер во Лондон ќе ги унапредиме односите


Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор во средата му честитал на новиот британски премиер Борис Џонсон, а двете земји ги нарече стратешки партнер, пренесува турската државна новинска агенција Анадолу, наведувајќи го и податокот дека Џонсон има и турско потекло.

Според Анадолу, Ердоган во разговорот рекол дека верува оти односите меѓи Турција и Велика Британија како стратешки партнери дополнително ќе бидат унапредени со новиот лидер во Лондон.

XS
SM
MD
LG