Достапни линкови

Над 30 загинати во два напада на Хутите во Јемен


Над 32 лица загинаа, а десетици се повредени во ракетниот напад на воена парада во Аден, додека во друг напад се убиени тројца полицајци, соопштија јеменски безбедносни и медицински извори, пренесуваат светските новински агенции. Одговорноста за нападот на парадата ја презедоа Хутите, кои истрелале балистичка ракета со среден дострел и вооружен дрон.

„Експлозијата се случи зад местото кадешто се одржуваше церемонијата во воениот камп Ал Џала во Аден“, изјави еден очевидец кого го цитираат новинските агенции.

Исто така, најмалку три полицајци загинаа, а 20 лица се повредени, меѓу кои и тројца цивили, кога бомбаш-самоубиец влетал со автомобил во полициска станица во Аден. Аден е седиште на јеменската меѓународно признатата влада, која е во судир со бунтовниците Хути, кои го контролираат главниот град Сана и поголем дел од северен Јемен.

XS
SM
MD
LG