Достапни линкови

Атанасовска второ место на Мајкрософт шампионатот


Средношколката Ана Марија Атанасовска од гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“ освои второ место на светскиот шампионат Microsoft Office Specialists во Њујорк. Атанасовска се натпреваруваше во категоријата Microsoft PowerPoint 2013.

(од лево) Сара Мисајловска, Жаклина Прекиќ и Ана Марија Атанасовска
(од лево) Сара Мисајловска, Жаклина Прекиќ и Ана Марија Атанасовска

Учесниците на натпреварот, од повеќе од 120 земји, се натпреваруваа во повеќе категории, според програмите на Мајкрософт, односно во PowerPoint, Excel и Word.

Во исто време беше и доделувањето на наградите од Adobe Certified Associate натпреварот. Наш претставник на овој натпревар беше Сара Мисајловска. Овој натпревар се фокусираше на тестирање на вештините за дизајнирање преку програмите Photoshop, Illustrator и InDesign.

Менторка на Мисајловска и Атанасовска беше Жаклина Прекиќ, професорка во скопската гимназија

XS
SM
MD
LG