Достапни линкови

Заев - Борисов: Европа ги препозна храбрите политичари


Зоран Заев и Бојко Борисов - Пречек на бугарскиот премиер во Скопје, 1 август 2019

За две години по потпишувањето на Договорот за добрососедство, завршени се многу работи кои порано беа незамисливи, благодарение на владите во Скопје, Софија и Атина, со кои се отвори перспективата Северна Македонија на паток кон Европа, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

„Не беше лесно, беа вложени големи напори што дадоа резултати, кои беа препознаени и наградени со заедничкото претседателство на Бугарија и Северна Македонија со Берлинскиот процес. Европа и светот го ценат тоа што во регионот на Западен Балкан има храбри политичари. Секојдневно треба да работиме, времето е кусо, за да ги затвориме т.н. конфликтни прашања“, рече Борисов.

Бугарскиот премиер изрази надеж дека ќе се најде решение и за отворените прашања во врска со историските личности и настани.

Премиерот Заев истакна дека Европа го препознала заедничкиот ентузајазам со кој на Балканот му се дава нов лик. Заради тоа Скопје и Софија ќе бидат копретседавачи со Берлинскиот процес, што, како што рече, е потврда за добрососедските односи и соработка.

„Северна Македонија и Бугарија им покажаа на Балканот, Европа и светот дека прашањата можат да се решаваат преку разговори, почитување и трпеливост без посредници“, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG