Достапни линкови

САД воведоа санкции за шефот на иранската дипломатија


Мохамад Џавад Зариф

Aдминистрацијата на американскиот претседател, Доналд Трам, објави дека вовела санкци за иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, со цел дополнителен притисок врз земјата , а Министерството за финансии соопшти дека санкции се воведени заради тоа што Зариф дејствувал во име на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, објави новинската агенција АП.

Како што се наведува, санкциите на Зариф се воглавно симболични, бидејќи нему ќе му биде оневозможено да патува во Обединетите Нации. По санкциите Зариф се огласи со порака на Твитер дека не поседува имот вон државата и додаде дека тој и неговото смејство не се погодени со санкциите.

XS
SM
MD
LG