Достапни линкови

Заев: Најдовме решение за 4 историски личности, ќе најдеме и за Делчев


„Решивме веќе четири историски личности кои заедно ги чествуваме. Исто мислам дека ќе најдеме решение и за Гоце Делчев. Ние му оддаваме почит на Делчев преку заедничкото разбирање. Убеден сум дека делата на Делчев можат само да не поврзуваат. Ќе градиме пријателство и добрососедство, бидејќи тоа им го должиме на сите идни генерации“, рече премиерот Зоран Заев на денешната заедничка пресконференција со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

„Поттикнати од минатото и иднината, ние покажавме дека нашите спорови може да ги решаваме без посредници. Заедно ќе положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев и ќе откриеме возобновениот споменик на полновник Каварналиев“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG