Достапни линкови

Британија ќе потроши дополнителни 2 милијарди фунти за Брегзит без договор


Британскиот министер за финансии Саџид Џавид изјави дека Велика Британија ќе потроши дополнителни две милијарди фунти за подготовка за брегзит без договор и дека дополнителните средства ќе бидат користени за вработување 500 лица, за обезбедување лекови, информирање на јавноста и други дејности.

Владата планира да потроши 1,1 милијарда фунти веднаш. Економисти нагласуваат дека милијарди фунти веќе се потрошени пред прично предвидениот датум за брегзит – 29 март. Премиерот Борис Џонсон најави дека Лондон ја напушта ЕУ на 31 октомври со или без договор.

XS
SM
MD
LG