Достапни линкови

Топрак: Турција прескапо ја плати сириската криза - 200 милијарди долари


Конвој на турската армија на границата со Сирија

Загубата на Турција од сириската криза е 200 милијарди долари, објави денеска турскиот весник „Созџу“, пренесувајќи ги оценките на пратеникот на опозициската Народно-републиканска партија, Ердоган Топрак. Според него, Турција платила „прескапо“ за спорот со Сирија во изминатите осум години – 120 милијарди се загуби од трговија, 40 милијарди долари се потрошени за сириските бегалци и други 40 милијарди за безбедност.

Топрак препорачува властите во Анкара итно да воспостават односи со режимот на сирискиот претседател Башар Асад. Весникот „Ортадогу“ денеска објави дека воена операција на Турција на исток од реката Еуфрат во Сирија е прашање на минути.

XS
SM
MD
LG