Достапни линкови

Вашингтон има информации за смртта на синот на Осама бин Ладен


Хамза бин Ладен

Соединетите држави поседувале разузнавачки информации кои сведочат за смртта на синот на Осама бин Ладен, кој е претставен како „клучен лидер“ на Ал Каида, пренесе американската телевизиска мрежа Ен Би Си. „Не сакам да коментирам“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на новинарско прашање за таа информација на Ен Би Си. Хамза бин Ладен е син на Осама бин Ладен, основачот на Ал Каида која е одговорна за нападите врз САД на 11 септември 2001 година. Тој се наоѓа на американската црна листа на лица обвинети за тероризам. Телвизијата не наведува детали за местото и датумот на смртта на Хамза, како и за евентуалната улога на САД во тоа.

XS
SM
MD
LG