Достапни линкови

Трамп му понуди помош на Путин за пожарот во Сибир


голем шумски пожар во Сибир

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на рускиот претседател помош во борбата против големиот шумски пожар во Сибир. Трамп телефонски разговарал со Путин за ова, наведува Кремљ, додавајќи дека Путин искрено се заблагодарил за понудата и оти би можело да ја прифати доколку тоа го побара ситуацијата. Веќе неколку дена се шири голем шумски пожар во Сибир што принуди на евакуација илајдници луѓе. Русија прогласи итна состојба во пет сибирски региони и нареди војска да помогне во битката против пожарот.

XS
SM
MD
LG