Достапни линкови

Бугарскиот премиер Борисов во Северна Македонија


Зоран Заев и Бојко Борисов

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов денеска ќе престојува во Северна Македонија. Тој за време на посетата претпладнево ќе биде примен од претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски. Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов по нивната средба на која ќе се одбележи двегодишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји ќе учествуваат на церемонијата на положување цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Во Дојран пак, тие ќе го откријат обновениот споменик на полковникот Константин Каварналиев.

XS
SM
MD
LG