Достапни линкови

Еден загинат во сообраќајка на патот Велес – Штип


илустрација

Едно лице загинало, а најмалку десетина други биле повредени во судир меѓу автобус и товарно комби во близина на Велес. Сударот се случил синоќа по 20 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај исклучувањето за Ново Село. Автобусот бил со кратовска регистрација, додека комбето со скопска. Загинал возачот на комбито во кое немало други патници. Повредените со возила на брза помош биле пренесени на хируршкото одделение на велешката болница.

XS
SM
MD
LG