Достапни линкови

Турција- приведени повеќе од 900 нелегални мигранти


Илустрација- турски полицаец

Во неколку различни операции на територијата на цела Турција денеска биле приведени над 900 нелегални мигранти, информира агенцијата Анадолија, повикувајќи се на безбедносни извори.

Силите на жандармеријата, во неколку свои акции во северозападниот округ Едрене, што се граничи со Грција и Бугарија, привеле 721 мигранти, за агенцијата посочил безбедносен извор, кој побарал анонимност.

Во исто време, турската крајбрежна стража во Егејско море привела 65 мигранти, вклучувајќи и 13 деца. Други 12 биле фатени во крајбрежниот град Милас, во округот Мугла, во југозападна Турција.

Полицијата фатила и девет мигранти во северозападниот округ Текирдаг, а во округот Ван биле приведени 14 други, кои во земјата нелегално влегле од Ирак. Во северозападниот округ Балакесир, пак, крајбрежната стража запрела 49 нелегални мигранти, кои се движеле крај брегот на Ајвалик.

XS
SM
MD
LG