Достапни линкови

Германија воздржана за учество во мисија во Ормускиот Теснец


Архивска фотографија- брод во Ормускиот Tеснец

Германија не е подготвена да се придружи во воената мисија во Ормускиот Tеснец што ја предложи САД, но би се сложила да учествува во Европска мисија, соопштија денеска од канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел.

Владата на Меркел со ова одговори на предлогот на Вашингтон даден ден претходно да се осигура безбедноста во заливот и да се пресретне “иранската агресија” во време на зголемени тензии меѓу САД и Иран.

Портпаролката на Владата Улрике Демер рече дека Берлин продолжува да ги поддржува дипломатските напори за намалување на тензии кои сериозно се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се повлече од нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили постигнат во 2015 година.

XS
SM
MD
LG