Достапни линкови

Мета: Избори мора да има сега, во септември ќе биде предоцна


Илир Мета

Албанскиот претседател, Илир Мета, порача дека на државата ѝ се потребни моментални предвремени избори, бидејќи во септември ќе биде предоцна.

„Албанија има потреба од избори. Сега! Во септември ќе биде предоцна. Политичките лидери мора да се откажат од тврдоглавоста и да не одат по две спротивни патеки, недемократски и неевропски, со што двете страни ја оставаат земјата на неодредено време надвор од безбедниот европски и посакуван пат од сите Албанци“, напиша Мета на својот Фејсбук профил.

XS
SM
MD
LG