Достапни линкови

Тадиќ ќе го тужи Вучиќ за прислушување


Борис Тадиќ и Александар Вучиќ

Поранешниот српски претседател и актуелен лидер на српската Социјалдемократска партија, Борис Тадиќ, ги отфрла обвинувањата дека опозицијата била прислушувана за време на неговиот мандат и изјави дека актулниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ не покажал докази за тоа кога пред неколку дена обвини дека претседателот Александар Вучиќ бил прислушуван 13 години. Напротив, Тадиќ вели дека опозицијата го прислушувала него.

Тадиќ рече дека опозицијата не била прислушувана додека бил претседател, туку биле следени екстремисти и криминалци, како и дека претседателот на Србија не бил „прислушуван“, туку луѓето со кои бил во контакт, а за кои биле изренечни мерки.

Тој уште истакна дека Александар Вучиќ го прислушувал него, за што најави тужба против претседателот на Србија.

XS
SM
MD
LG