Достапни линкови

Левада: Расте бројот на Руси кои не сакаат нов мандат за Путин


Фотографија од еден од последните протести на руската опозиција.

Расте бројот на руски граѓани кои не сакаат актуелниот претседател Владимир Путин да остане на власт. Тој процент на Руси кои не сакаат нов мандат за Путин изнесува 38 отсто, соопшти најголемата агенција за испитување на јавното мислење во земјата, центарот Левада.

Резултатите од анкетата на агенцијата Левада спроведени овој месец низ целата земја покажуваат зголемено незадоволство од Путин. Процентот на Русите што не сакаат Путин да остане на власт по истекот на неговиот тековен мандат е највисок во последните пет години, од силниот пораст на национализмот во земјата во 2014 година, кога Русија го анектираше Крим.

XS
SM
MD
LG