Достапни линкови

Кина им забрани на своите граѓани да патуваат во Тајван


Кинеските власти соопштија дека им забрануваат на своите државјани да патуваат индивидуално на Тајван. Причина за оваа одлука се моменталните лоши односи со властите на островот.

Во соопштението на Министерството за култура и туризам се вели дека таквото патување ќе биде санкционирано почнувајќи од четврток, „со оглед на актуелните односи меѓу двете страни”.

Властите не наведуваат дали е дозволено групно патување на кинески државјани.

XS
SM
MD
LG