Достапни линкови

Трамп бара детали дали Навални бил труен во московскиот затвор


Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека детално ќе се запознае со случајот за наводното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казненото одделение на московската полиција, јави „Еј-Би-Си Њуз“. Телевизијата на својот на Твитер налог објави краток фрагмент од интервју со Трамп во кој претседателот укажува дека дознал за случајот.

„Слушнав за тоа. Ова е најново, не знам конкретно за тоа, но ќе се запознаам“, изјави Трамп.

Навални во неделата наутро од казненото оделение на московската полиција беше однесен в болница откако се појавија симптоми на алергиска реакција, за што подоцна лекарите утврдија дека е остра форма на сипаници со подуеност на вратот и лицето.

XS
SM
MD
LG