Достапни линкови

Вашингтон ја поздрави одлуката на Софија за авионите Ф-16


борбен авион Ф-16, илустрација

Соединетите држави ја поздравуваат одлуката на бугарската влада да набави осум борбени авиони Ф-16, муниција и сродна опрема. „Ги поздравуваме премиерот Бојко Борисов и бугарската влада за нејзината заложба да ја модернизираат својата војска преку стекнување на овие високо-способни, интероперативни авиони на НАТО. Со нетрпение очекуваме да работиме со Бугарија на овој проект и да го зајакнеме нашето долгорочно стратешко партнерство. Ние, исто така, ја цениме клучната улога на американскиот Конгрес во поддршката на користењето на странско воено финансирање за дел од оваа аквизиција и координираните напори низ американската влада за постигнување на овој успех“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG