Достапни линкови

Владата ги утврди активностите за спроведување на ветингот во МВР


седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата на редовната 148 седница ги утврди активностите за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во МВР и го задолжи Министерството најдоцна до 20 август годинава да формира Работна група со задача да изготви Предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот што треба најдоцна до 1 октомври годинава да го достави до Владата. Оценката на владата е дека процесот на проверка во полицијата, во развиените земји претставува составен дел од етиката и професионалните стандарди на полициските сили и е дел од заштитните безбедносни политики.

XS
SM
MD
LG