Достапни линкови

Се повеќе Швеѓани си вградуваат био-чипови


Илустрација - Дигитален чип за имплантација

Откако Шведска со закон го регулираше т.н. чипирање, односно имплантирањето микро био-чипови, околу 4000 граѓани во оваа земја ја искористиле можноста за да си вградат био-чип меѓу палецот и показалецот од една рака.

Таков чип на тие што го носат им овозможува да плаќаат билети во јавниот превоз преку електронски пат или да отвораат врата на допир ако ја допрат само раката врз бравата.

Според локални медиуми, на чии информации се повикуваат светските новински агенции, голем број од луѓето се согласиле да вградат чип пред се ‘ поради медицински причини.

XS
SM
MD
LG