Достапни линкови

Конгресмените бараат од Трамп нови санкции за Русија


Републиканските и демократските конгресмени денеска побараа од американскиот претседател Доналд Трамп да воведе дополнителни санкции за Русија поради случајот со труењето на поранешниот сгент Сергеј Скрипал во Велика Британија, објавија светските новински агенции.

Конгресмените потсетуваат дека не се наметнати дополнителни санкции од март 2018 година, иако законот од 1991 година предвидува тие да бидат изречени во рок од три месеци.

„Инсистираме да дејствувате веднаш и да побарате целосна одговорност од Русија за употребата на хемиско оружје во Европа“, изјави демократот Елиот Енгел.

Белата куќа засега не ги коментираше барањата на конкресмените.

XS
SM
MD
LG