Достапни линкови

Хан тврди дека земјите од ЕУ ѝ се наклонети на Македонија за датумот


Зран Заев, Федерика Могерини и Јоханес Хан

Еврокомесарот во заминување Јоханес Хан, во интервју за австриски „Стандард“, вели дека не е тајна оти земјите членки на ЕУ ѝ се понаклонети на Северна Македонија одошто на Албанија кога станува збор за доделување датум за почеток на пристапните преговори.

„Сѐ уште работиме и двете земји да почнат преговори. Но, не е тајна дека расположението меѓу земјите членки за Северна Македонија е едноставно подобро. Двете земји ги исполнија критериумите што ЕУ-членките ги имаа поставено како услов. Затоа дадовме препорака за двете земји. Но, Северна Македонија не само што ги исполни бараните реформи туку ги постигна и историскиот Преспански договор и Договорот за пријателство со Бугарија. Кај Албанија, за жал, во преден план се појавија проблеми: опозицијата не им е во Парламентот, Владата има проблеми да го одржи дијалогот и покрената е процедура за отповикување на Претседателот“, вели Хан.

Според него, Владата на Северна Македонија постапила на примерен начин и направила напор да ја вклучи опозицијата. Потсетува дека остварил состанок со лидерот на опозицијата и дека апелирал до него да продолжи да покажува конструктивен став.

XS
SM
MD
LG