Достапни линкови

Кривична за скопјанецот чија заканувачка порака Заев ја читаше од собраниската говорница


Зоран Заев во Собрание

Скопјанецот, чија заканувачка порака од собраниската говорница ја прочита премиерот Зоран Заев, добил кривична пријава. Неговата порака со заканувачка содржина за премиерот беше објавена на Фејсбук, соопшти МВР.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против В.З. (67) од Скопје, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по пат на информатички систем. На 25.07.2019 година, на социјалната мрежа Фејсбук пријавениот, преку своето корисничко име, објавил коментар со заканувачка содржина кон премиерот на Република Северна Македонија“, соопшти МВР.

„Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне“, гласеше пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците.

XS
SM
MD
LG