Достапни линкови

Трамп го потпиша указот за финансирање на жртвите од 11 септември


Трамп го потпишува указот за финансирање на жртвите од 11 септември

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот со кој на жртвите од терористичките напади на 11 септември 2001 година трајно им се обезбедуваат парични средства. Тој во Белата куќа во присуство на спасувачките екипи кои први интервенираа во текот на тогашните напади, го потпиша документот со кој користењето на веќе постојниот фонд се продолжува до 2092 година, што во суштина значи трајно обезбедување пари. Над 40 илјади луѓе се пријавиле за фондот. Во нападите животот го загубија скоро 3.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG