Достапни линкови

Франција повика на брзо ослободување на Навални


рускиот опозиционер и противник на Кремљ Алексеј Навални

Француските власти повикаа на ослободување на рускиот опозиционер и противник на Кремљ Алексеј Навални, уапсен неодамна во Москва и изразија загриженост поради неодамнешните настани во Русија. „Здравствената состојба на Алексеј Навални кој е во затвор од 23 јули, брутално се влошила, поради што бараме негово брзо пуштање на слобода“, соопшти француското Минситерство за надворешни работи. Навални беше итно хоспитализиран поради силна алергијска реакција во притворот, а кружат гласини дека тој можеби бил отруен.

XS
SM
MD
LG