Достапни линкови

Поранешна иранска терористичка група има сојузници во Белата куќа


советникот за национална безбедност Џон Болтон

Протераната иранска десидентска група која своеверемено од Соединетите држави беше означена како терористичка доби поддршка од некои членови на Белата куќа. Групата Муџахедин Халк која главно е базирана во Албанија ја има поддршката од советникот за национална безбедност Џон Болтон и од личниот адвокат на претседателот Доналд Трамп, Рудолф Џулијани кои имаат желба да го променат режимот во Техеран. Двајцата, како што јавува германската агенција ДПА, примиле десетици илјади долари од оваа група за да говорат и да се појават на собири и конференции што таа ги организира. Муџахедин Халк изведе серија терористички напади врз Иран, во кои беа убиени и американски државјани.

XS
SM
MD
LG