Достапни линкови

Спасовски: МВР преземаме мерки прославата на Илинден да помине мирно


Министерот Оливер Спасовски

Посебно е важно претстојните празници да ги одбележиме достоинствено, зашто на тој начин ќе ги почитуваме нашата традиција и историја и сите ќе се свртиме кон иднината за сите заедно да изградиме силна, стабилна држава, Република Северна Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Крушево каде присуствуваше на конститутивната седница на Локалниот совет за превенција, а се сретна и со вработените во крушевската полициска станица.

Спасовски рече дека безбедносната состојба на подрачјето на Крушево и воопшто на подрачјето на СВР Битола е добра.

"Бев запознаен со активностите на општината со кои се одбележува 2 Август. Станува збор за бројни активности со кои се одбележува овој исклучително значаен државен празник. И оваа година очекуваме голем број граѓани и во Крушево, но и на другите локации каде ќе се празнува и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги преземаат сите потребни мерки и активности за прославата на 2 август да помине мирно и достоинствено" изјави Спасовски

XS
SM
MD
LG