Достапни линкови

Британија отфрла размена на запленетите танкери со Иран


Велика Британија ја отфрли идејата дека може да го ослободи иранскиот танкер во замена за ослободување на британскиот танкер кој беше запленет додека пловеше со британско знаме, во Персискиот Залив.

"Ова не е за размена", изјави за Би-Би-Си секретарот за надворешни работи Доминик Рааб " Ова се однесува на меѓународното право и на правилата на меѓународниот правен систем што се поддржуваат и ние ќе инсистираме на тоа", изјави тој.

Овие инциденти се случуваа во време на зголемени тензии откако САД се повлекоа од нуклеарната спогодба меѓу Техеран и светските сили

Во последниве неколку недели, Иран и Велика Британија си запленија по еден танкер, ставајќи дополнителен притисок врз договорот. Во изјавата за Скај Њуз, Рааб рече дека ако Иран сака " да биде прифатен како одговорен член на меѓународната заедница", тој мора да ги следи меѓународните правила. "Вие не можете да одите на незаконско запленување на странски бродови", рече тој.

XS
SM
MD
LG