Достапни линкови

Боки 13 е вратен во Шутка по лекарскиот преглед


Фотографија од приведувањето на Јовановски за случајот „Рекет“,

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој е во притвор за случајот на ОЈО познат како „Рекет“,по извршениот лекарски преглед на скопските клиники е вратен во затворот Шутка и е во добра здравствена состојба, изјави за МИА, директорот КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ.

Јовановски заедно со Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се во притвор, и се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание. Јовановски е осомничен и за кривичното дело перење пари.

XS
SM
MD
LG