Достапни линкови

Не сум се ни јавил да прашам за случувањата во СЈО, не треба да се мешам, вели Заев


Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во врска со случувањата во Специјалното јавно обвинителство, рече дека сето тоа е во рацете на обвинителите и дека тој воопшто не треба воопшто да се меша.

„Не се ни трудам да вртам телефони и да се информирам за случувањата во СЈО. Можам само да ги охрабрам истрагата да продолжи. Секој нов ден отвора нова дебата. За форензиката не знам ништо, но тие материјали не може никој да ги избрише. Обвинителите си одлучуваат. Сметам дека Заев не треба таму да се меша. Поединците се менливи, системот е државна обврска“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG