Достапни линкови

Старџен: Џонсон, со политиката кон Брегзит, го води Обединетото Кралство во пропаст


Шкотската премиерка Никола Старџен

Шкотската премиерка Никола Старџен изјави дека политиката на британскиот премиер Борис Џонсон кон Брегзит го води Обединетото Кралство во пропаст. Таа го критикуваше новиот британски премиер пред нивната прва средба во Шкотска, објавија британските медиуми и светските новински агенции.

„Народот во Шкотска не гласаше за оваа ториевска (конзервативна) влада, не гласаше за новиот премиер, ниту за Брегзит и секако не гласаше за катастрофален Брегзит без договор, кој Борис Џонсон сега го планира“, рече Старџен.

XS
SM
MD
LG