Достапни линкови

Лондон испраќа уште војници и бродови да ги штитат трговските бродови во Персискиот Залив


Илустрација

Велика Британија испраќа дополнителен број војници и бродови во Бахреин за да ги заштити трговските бродови во Персискиот Залив, објавија британските медиуми и новинските агенции. Војниците ќе бидат распоредени по доаѓањето на вториот голем британски воен брод во регионот.

Акциите на Лондон се одговор на одлуката на Иран да го задржи танкерот за нафта во сопственост на Велика Британија. Британските медиуми јавуваат дека Велика Британија оваа недела ќе испрати мал број војници во Бахреин за да ја зголеми безбедноста на бродовите во регионот.

XS
SM
MD
LG