Достапни линкови

Србија доби воени транспортери од Русија, чека хеликоптери и тенкови


Оклопните возила донирани од Русија за Србија.

Во Ниш денеска Србија ги прими првите 10 извидувачки оклопни возила БРДМ-2МС од Русија, а српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека до крајот на годината ќе пристигнат уште воени возила од Русија.

На церемонијата Вучиќ изјави дека станува збор за значително унапредени и ремонтирани возила за кои Србија ништо нема да плати, а кои значително ќе ги подобрат оперативните способности на српските вооружени сили. Тој најави дека до крајот на годината ќе пристигнат и четири борбени хеликоптери Ми-35, три транспортни хеликоптери Ми-17, како и дополнителни оклопни возила BRDM-2MS и тенкови T-72.

Одговарајќи на прашањето дали е точно дека Романија го запрела транспортот на овие возила, Вучиќ накратко одговори: “Ги запреа на патот низ Дунав, но ова падна од небото”.

„Ова ни е потребно за да го зачуваме суверенитетот и е превентивнио за секој кој би помислил дека тоа би можело да го загрози нашиот суверенитет. Ние немаме планови за освојување, ова ни е потребно да ја заштитиме земјата“, рече е Вучиќ.

XS
SM
MD
LG