Достапни линкови

Бојан Јовановски - Боки 13 пренесен во болница


Фотографија од приведувањето на Јовановски за случајот „Рекет“,

Управата на затворот „Скопје“ во скопската населба Шуто оризари соопшти дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој е во притвор за случајот на ОЈО познат како „Рекет“, денеска е пренесен на скопските клиники на испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат.

Јовановски, заедно со Зоран Милески - Кичеец, се во притвор и се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание. Јовановски е осомничен и за кривичното дело перење пари.

XS
SM
MD
LG