Достапни линкови

„Петрунија...“ ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ во Хрватска


Плакат за филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се врати од Мотовун филмскиот фестивал во Хрватска, со наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ.

"Главната актерка не освои со одличен актерски израз и брзо не увери дека главниот лик е паметна жена која е комплексна личност и која ја открива нејзината моќ во текот на филмот. Таа е симбол на потребата за слобода во многу свери и укажува на неопходните промени. Филмот е црна комедија, врвно изрежирана, монтирана, динамична и брзо го вовлекува гледачот во неговиот свет", оцени тричленото жири во состав Маријана Јаковљевиќ, Јел Шот и Јасмила Шепетач.

За единствените две награди на фестивалот, Главна награда и наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ, се натпреваруваа 20 филмови.

Главната награда Пропелер ја доби исландскиот филм “Бел бел свет”.

XS
SM
MD
LG